|
Овој дел
е завршниот дел од обуката на кучето. Со успешно завршување на
овој дел, кучето ќе биде целосно приспособено да извршува и
најтешки задачи.
Специјални чуварски вежби: чување предмет, велосипед, автомобил,
дете, разбојник, разниб скапоцености и др.

Чување на велосипед
- Нестор од Скопје
При извршување чуварски вежби, кучето ќе нападне само кога
непознатиот ќе пружи рака по
тоа што кучето го чува.

Чување на разбојник
- Нестор од Скопје
Кај вежбите чување
дете и чување разбојник, начинот на чување е различен а
наредбата е иста.Затоа вежбата чување дете е најтешка вежба.
По наредбата„чувај дете“кучето зазема позиција покрај детето и
внимава на секој непознат што минува и со карактеристични
движења го предупредува непознатиот дека ќе биде нападнат
доколку пружи рака на детето.По наредбата„чувај разбојник“кучето
стои пред разбојникот, го следи постојано и доколку разбојникот
направи било какво движење ќе биде нападнат.

Чување дете
Покрај кучињата чувари и останатите кучиња ќе бидат приспособени
да ги извршуваат и најтешките задачи во своите дисциплини.
|