|
Обуката на кучиња за
лов на диви свињи е многу напорна,ризична по животот на кучето и
долго трае.Исто како и за другите кучиња и за овие кучиња
обуката е во повеќе делови(фази),но начинот на обука е доста
различен.
Првата фаза
отпочнува од раѓањето до една година.Тогаш се
прилагодува на се што треба да прави добро обучено куче за лов
на диви свињи. Вториот дел(фаза)е на една година и трае еден
месец.Во овој дел кучето учи да лае на дивите свињи.По
завршувањето на овој дел се прави пауза од неколку недели.Во таа
пауза самиот сопственик ги повторува вежбите од првиот
дел(шетање по планина каде што нема лисици, зајаци, срни и
т.н.,)
Третиот дел трае многу кратко(околу две до три недели).Тогаш
кучето за прв пат дирекно ќе се соочи со дивите свињи. Во
борбата со нив ќе сфати колку се опасни дивите свињи. Најчесто
кучето по таа “средба“ ќе се исплаши, а тоа значи дека обуката
тука прекинува и се прави пауза од еден месец за потоа да се
врати повторно од почетокот на втората фаза.
Втора фаза(2)-трае околу еден месец, а целта е исплашеното куче
повторно да го охрабриме,но без да има директен контакт со
дивите свињи.
Трета фаза(3)-Трае кратко (околу две до три недели). Тука кучето
повторно ќе се соочи лице в лице со дивите свињи и ќе научи да
ги следи со лаење, а нападите од дивите свињи вешто ќе ги
избегнува. Со тоа завршува обуката на кучето кое веќе е
подготвено да оди на лов,но на почетокот треба да е во друштво
со поискусно и добро обучено куче.
ФОТО И ВИДЕО СЕ ВО ПРИПРЕМА
|