| Почетна  
| Автобиографија
| Припрема за дресура
| Вовед во дресура
| Општа дресура
| Специјална дресура
| Кучина--феномени
| Лов на диви свињи
| Фото и Видео
 
 
 
 

 

 

 

 

                      КУЧИНА ФЕНОМЕНИ              

                                      БЕЛА 

 

 

 

 

 

 

 

 

                 

             гер.овчар(женка) од Охрид—сопственик : Ристе Момир.

Настапи на натпреварот на дресирани кучиња „Охрид 99“ го овои прво место.    Со одличен успех ги заврши сите фази- прва,втора,трета и четврта(припрема,вовед,општа,специјална) во 1991 година.Бела беше популарна не само во Охрид туку и пошироко.Ги постигна и најтешките вежби,а посбно атрактивно ги правеше специјалните чуварски вежби. Некои велат: уште еднаш нема да се роди куче како Бела. Демонстрирајќи вежби низ градот три пати ми се случи да ми понудат цена што сам ќе ја напишам.                                                          На натпреварот „Охрид 99“  (вон) конкуренција изведов вежба—Чување дете—публиката беше воодушевена.

 БОРБА ДО СМРТ --  ПОМЕЃУ КУЧЕ И ЧОВЕК                          

 

Секогаш кога ќе излезев со Бела во центарот на Охрид се собираа повеќе луѓе.Еднаш додека разговарав со повеќе присутни,а Бела чекаше на десетина метри од нас со корпа на устата,дојде еден „храбар човек“ провокатор и вели:

Ефто дај и наредба на Бела да ме нападне,јас не се плашам и ќе ја задавам со раце(под услов Бела да биде со корпа на устата).Ме погледнаа присутните очекувајќи да одговорам.Јас без да размислувам му одговорив:Важит.—А тој додаде:Ама ќе ја убијам,ќе ја мавам и со нозе.Се договоривме да направиме вистинска борба до смрт,а сведоци да бидат сите присутни.Значи човекот требаше да се бори со раце и нозе,а Бела да биде со корпа на устата.Јас требаше да и дадам команда за напад и ништо повеќе.Некој од присутните се исплашија и почнаа да бегаат,а јас ги вратив со зборовите:Чекајте,не бегајте,не плашете се,таа ќе го нападне само него.Потребни се што повеќе сведоци.

Човекот провокатор застана на десетина метра од Бела и спремајќи се за борба гласно викаше:Ќе ја убијам!Некои од присутните ме молеа да се откажам:Немој Ефто греота е Бела,ќе ја убиет.Не ќе можи така со корпа на устата да се одбрани.

Борбата требаше да почне,се чекаше само да и дам на Бела команда за напад,а присутните стоеа занемени.

И дадов команда за претпазливост:Пази Бела чувај!И и го посочив човекот.Таа се сконцентрира на него и едвај чекаше да и дадам команда за напад.

По командата за напад:Фати го Бела! Таа се спушти како стрела према него,а тој сигурно планираше да ја зграби со раце и после да почне да ја убива,но страшно се излага.Бела наместо да му скокне на градите што е и вообичаено (а човекот и тоа го очекуваше) таа силно го удри со муцката директно „Каде што не треба“.

Човекот падна како покосен,а во истиот момент Бела го зграбчи со нозете преку вратот и почна силно да го гребе со ноктите по главата и лицето.Реагирав брзо,ја тргнав.Ако ја оставев навистина ќе го убиеше,а најпрво ќе му ги извадеше очите.

Човекот брзо го кренавме и му укажавме прва помош,но колку мака виде тој најдобро знае.

Тоа беше и за мене поука дека повеќе никогаш нема да наседнам на улични провокатори.

                                       АРМАНДО 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

гер.овчар од Тетово—сопственик : Рамани Зурхан.                                  Одлично ги заврши трета и четврта фаза(општа и специјална дресура)—1997.     Настапи на натпреварот на дресирани кучиња „Охрид 99“ го освои трето место.

ВО ОДБРАНА НА СВОЈОТ СОПСТВЕНИК СОВЛАДА ТРОЈЦА        НАПАЃАЧИ

После приближно две години од дресурата Армандо дојде во Охрид на натпреварот.Сопственикот Рамани Зурхан кажа дека воопшто не ги повторувале вежбите со Армандо бидејќи бил зафатен со бизнис,а и поради тоа што Зурхан беше тешко болен од бубрези.                              Тогаш Зурхан ни кажа што се случило во неговата куќа која што е и ресторан.Гледам—вели Зурхан—во нашиот ресторан мојот брат го тепаа тројца луѓе.Јас стоев на вратата и немоќно гледав бидејќи не бев способен да му помогнам.Но се сетив....АРМАНДО.Отидов зад куќа,го отпуштив и така со команда покрај мене дојдовме до влезот на ресторанот.Тука му дадов команда за напад.Армандо со многу силен удар ги собори на земја сите тројца.Почна да ги каса,а тие беа приморани да лежат на подот и да не мрдаат,а кога ќе пробаа  да станат Армандо повторно ги касаше.

На судењето за тој случај судијата му постави прашање на изкасаните: Што требаше да прави кучето кога вие го тепавте неговиот сопственик?и додаде:Да гледа како го тепате?И пак додаде: Браво за кучето!БРАВО ЗА АРМАНДО

                                    

                               МЕДО

                                    

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

       мелез(шарпланинец—лабрадор)—моето куче од 1978 година.

Одличо ги заврши сите фази : припрема за дрес.—вовед во дресура—општа дресура—специјална дресура.                                                       Медо правеше чуда—беше дресиран во толку многу дисциплини што стварно е    реткост.                                                                                                     Беше дресиран по дициплини:   послушност, фискултурни вежб, чуварски вежби(чувар на двор , чувар на отворен имот,чувар на фарма,телохранител) егзибиции, најтешки вежби од апорт,спасувач на давеници, спасувач на изгубени лица(трагач) препознавање осомничени лица, лов на зајак, борба со кучиња(секогаш  во самоодбрана)избегнување на шинтери(во тоа време имаше шинтери платени од државата да ги убиваат кучињата)и најзначајно од се,што е реткост, ја имаше најтешката дресура-природната.Беше способен сам да живее понекогаш и со недели и да се снаоѓа сам дури и за храна(живееше во Охрид и во село оддалечено 3км од Охрид).Беше навистина популарен во Охрид.  

                          КУЧЕТО ШТО ЗНАЕШЕ ДА БРОИ 

Негде во 1978 год. На градскиот полигон за мали спортови во Охрид, како и обично некои од присутните ме замолија да демонстрирам некоја вежба со Медо.Јас никогаш не одбивав и со задоволство секогаш бев спремен.

Ајде Медо, качи се на 13 степеница!Медо се качува по трибините и застанува точно на 13 степеница.Нкои од присутните повторно броеа да не погрешил.Фудбалерите кои играа го прекинаа натпреварот.Некој дофрли—случајно застана на 13 степеница!Ама јас продолжив со команди.Ајде Медо слези на 8 степеница, па качи се на 10, па слези на 2.....Сето тоа  без грешка,а сите присутни останаа зачудени и се прашуваа...Како е можно куче да знае да брои???

Еее да знаете ...Медо е единственото куче во светот што знае да брои!

За жал негде на три годишна возраст, некој  го украде.Го барав насекаде низ цела Македонија , но попусто.

После 20 год. Откако го снема, разбрав дека го украле луѓе од мојата населба што работеле во Словенија и го продале во Аустрија.

                                      ДИНО

 Гер. Овчар од Охрид-сопственик-Васко Стефоски

Одлично ја заврши третата фаза –ОПШТА ДРЕСУРА-1994год.

                 ЗАРОБЕН РАЗБОЈНИК БЕЗ ДА БИДЕ ПОВРЕДЕН

После 3 месеци од дресурата:

Дино преку ден стоел во бокс,а преку ноќ низ едно мало, споредно вратниче на боксот,излегувал во дворот да чува.

Двајца разбојници забележале дека Дино е во боксот,а вратата од боксот-затворена,но не забележале дека има друга мала врата на боксот- отворена.``Нормално`` влегле преку високите огради да крадат.

Негде по полноќ, мајката на Васко(сопственикот на Дино)го разбудила исплашено:``Стани Васко,некој вика, ПОМОШ ПОМОШ . Се исплашиле сите и полека излегле надвор,а таму што ќе видат...Еден од разбојниците легнат на грб, Дино врз него, со едната шепа на градите од разбојникот,а со забите го држи за вратот и `ржи.А другиот разбојник што успеал да ибега,откако видел дека ортакот му е заробен, за да го спаси,почнал да вика за помош,затоа што неговиот заробен ортак не можел ни да мрда ни глас да пушти.

Многумина после оваа случка посакаа да имат куче како Дино.

                                          РОНИ

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

   Белг.-Овчар (црн)од Швајцарија-сопственик-Гарип Реџепи

Со одличен успех ги заврши сите фази:припрема за дресура, вовед во дресура, општа дресура и специјална дресура.   ---2006год

 

         ---НОЌНИ УЛИЧНИ ПРЕТСТАВИ---``ОХРИД ЛЕТО 2006``...

Aвгуст 2006 год. Во центарот на Охрид , во ринг 10 ×8 метри,означен со лента(трака)изведував по две претстави на вечер.Секоја претстава траеше по еден час.Пријатно бев изненаден од огромната посетеност на претставите.Рони стана миленик на публиката,посебно на најмладите(децата) кои на крајот од секоја претстава влегуваа во рингот да го погалат Рони и да се фотографираат со него.

Многу тешките вежби од општа дресура и специјална дресура, Рони ги изведуваше одлично, без грешка ,што предизвикуваше воодушевување и силен аплауз од публиката.

....................................следуваат слики со текст..............................................

 

Сопственикот на Рони-Гарип Реџепи и покрај тоа што е многу далеку(Швајцарија)вели дека секогаш кога ќе органиираме претстава Рони ќе пристигне во Македонија.

Спремен сум да настапувам со Рони секаде каде ќе бидеме поканети.

 

                                            АДАМ

Ротвајлер од Битола—сопственик Ѓорѓи .........................

Одлично заврши трета фаза--општа дресура 1996 година.Учествуваше на натпреварот на дресирани кучиња „Охрид 99“.

        КУЧЕТО ШТО ЗНАЕШЕ ДА РАЗЛИКУВА НАЦИИ

 При крајот на дресурата шетајќи со Адам на плажата наидоа ученици(средношколци—екскурзијанти) од Струмица.Адам го имав покрај себе во седечка положба со корпа на устата,а учениците и професорите интересирајќи се за дресурата ме прашаа дали можат да го погалат и покрај тоа што е куќе чувар.ДА—реков јас—Може,но претходно да ве прашам нешто.Дали има меѓу вас некој од друга нација?—Не,сите сме Македонци,...А зошто прашуваш?—Затоа што Адам знае да разликува нации....им реков јас.И доколку има некој од друга нација,кога ќе оди да го погали Адам ќе го нападне.И учениците и професорите се збунаа чудејќи се како е можно тоа куче да рзаликува нации.

Во истиот момент минуваше еден господин,а јас го прашав од која нација е.Тој одговори дека е турчин.Му објаснив за што разговараме со учениците,а тој се сложи да се измеша со учениците за да видат дали навистина кучето ќе го препознае дека е турчин.

Значи Адам на сите ќе им дозволи да го погалат .но кога ќе дојде турчинот наред ќе го нападне,а јас морав да го држам Адам за поводник и не смеев ништо да му зборувам.

Почнаа учениците да минуваат со ред,кој ќе го погалеше,кој ќе го гушнеше,а Адам стои седнат како кип.Кога дојде на ред турчинот само што пушти рака да го погали,Адам така силно изреагира,што се исплашија сите присутни,а господинот турчин одскокна наназад,а јас Адам го задржав да не го изгребе со ноктите.

И учениците и професорите останаа вчудоневидени,а еден од професорите прозборе.---Сум слушнал кучиња да прават чуда,но незнаев за ова дека кучињата можат да разликуваат нации. 

 

                                 ШАРКО

Шарко—од мојот дедо—овчарско куче—1961 година

Шарко—од мојата тетка—овчарско куче

                 БОРБА-- ШАРКО СО ШАРКО

Кога имав 8 години живеев во Охрид и едвај чекав да дојде викенд кога не одевме на школо за одма да заминам в село (3 километри од Охрид).Таму ме чекаа моето куче Шарко и исто моето куче(од мојата тетка) Шарко.Ги земав и шетав со нив насекаде.Уште тогаш иако мал ги учев на разни работи.Еден ден слушнав глаење и голема галама,а тоа се биеа моите 2 кучиња помеѓу себе.Татко ми и други возрасни од фамилијата се трудеа да ги разделат дури и удираа на нив со стапови,но попусто—тие крвнички се биеа.

Поради возрасните јас не можев нешто да превземам и само жалосно посматрав.Кога видов дека неможат да ги разделат јас инстиктивно,со голи раце влетав меѓу нив и силно им вреснав,а тие одма се отпуштија и се тргнаа еден на една,другиот на друга страна.

Возрасните останаа зачудени –и покрај тоа што бев толку мал,кучињата ја послушаа мојата наредба.

 

ДОБРО ДРЕСИРАНИТЕ КУЧИЊА, ВЕЖБИТЕ НИКОГАШ НЕ ГИ ЗАБОРАВААТ И ДА НЕ СЕ ПОВТОРУВАТ

                                              ТЕСА 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

-Гер.овчар(женка)од Битола-сопственик-Гудоски Тошо

Заврши трета фаза- Општа дресура, а успеа да ги научи и вежбите од специјална дресура.-1994 год.-Учествуваше на натпреварот ``ОХРИД `99`` и го освои четвртото место.

 По покана да учествува на натпреварот на дресирани кучиња ``ОХРИД `99``нејзиниот сопственик ни кажа дека  чуварските вежби не ги повториле пет години.Јас отидов во Битола да проверам дали ќе биде добра за натпревар.Се воодушевив и самиот кога видов дека и покрај тоа што пет години не и биле повторени чуварските вежби,таа одлично ги памтеше,а додека и ги повторував се собраа многу луѓе од околните згради и сето тоа се претвори во една мала претстава со многу аплаузи.

                                            РАМБО

 

 

 

 

 

 

 

 

 

-шарпланинец од Охрид-сопственик-Ристе...........

Заврши трета фаза Општа дресура-1993 год.

 По завршувањето на дресурата неговиот сопственик зафатен со бизнис воопшто не го шетал ниту пак ги повторувал вежбите.Бил ``осуден`` да шета онолку колку што била долга сајлата.Поради тоа, после 7 год. решиле да го дадат на некои љубители на кучиња.Јас случајно го видов кај новите сопственици,во бокс од два метра висоцина и им реков-``Покријте го боксот оти Рамбо е одличен совладувач на препреки и има јак одраз.Ке прескокне и ке ви избега.``

А тие ми одговорија-``Па не е птица да прелета`` .По некое време Рамбо го прескокнал боксот и тргнал преку мојата куќа.Се сретнавме на улицата пред куќата каде што 7 год. пред тоа го дресирав.Се исплашив кога го видов на неколку метри пред мене, но се сетив дека е можно да е Рамбо и кога викнав -``Рамбо!``,тој се стрца весело спрема мене и почна да игра со мене и весело се стрча во мојот двор.Се сети дека тука живеел и учел.Уште повеќе се зачудив кога проверив што памети од вежбите.Ги памтеше како тогаш да сум го дресирал.

                           ВОЛКОТ -- ВОЛЧЕ 

 

Го пронајде ловец со уште две братчиња.Волче го зедов јас.Двете други двајца мои пријатели.Го порасна жена ми Виолета со цуцла бидејќи беше многу мал,околу три недели.Јас како и кучињата, исто и Волкот Волче го научив разни вежби и потполно го направив мирен и сигурен спрема децата.Волче за брзо стана популарен во Охрид,одеше со мене и во град , а и на плажа.Луѓето,а посебно туристите се фотографираа со него.За жал јас немам фотографии освен ова,кога беше мал.Познатиот пејач на народни песни,мојот пријател Гоце Николоски,дојде кај мене дома,со уште еден наш пријател за да одиме на риболов.Сатот беше 4 наутро.Беше мрак, а јас бев заминат со кајчето.Гоце и Влатко тргнаа на езеро да ме бараат,а торбата со храна(свински врат и кашкавал)ја оставиле на масата во дворот.Кога не ме нашле на езеро се вратиле кај мене во дворот а торбата со храна веќе не била на масата.Кога и кажале на жена ми дека ја нема торбата,таа извикала-``Волкот.Волкот ја има земено!``. ``Каков волк`` - се исплашиле тие.``Па волк имаме во дворот``-додала жена ми.Тие сакале да побегнат, но жена ми ги смирила и им кажала дека волкот е безопасен.Го пронашла зад куќата,му го зела кашкавалот од уста,а свинскиот врат Волче веке го изел.

 

                        КРАЛСКИОТ ОРЕЛ-МИКИ                                                                      

со распон на крилата 1.50-  1977-78 год.

Го пронајде мојот пријател Орхан Хусеин.Само што помислил на тоа што ќе прави со него,одма одлучил-Ефто-.Јас се разбира се израдував и одма презедов се да го опоравам,бидејќи нешто со него не беше во ред.Беше ослабен и изнемоштен.Набргу се опорави и почнав да го учам разни работи.Го научив да оди по улица како човек,па беше вистинска атракција кога шетавме низ Охрид. Во одмаралиштето ПАРТИЗАН во Охрид(пред мојата куќа)во одредено време закажував средба со децата од мојата населба и децата од туристите(беше лето).Мики го држел в раце.Тој мафташе со крилјата затоа што си ја знаеше задачата, а децата кои беа во голем број скандираа МИКИ , МИКИ.Во тој момент го пуштив Мики ,а тој полетуваше и слетуваше на ограда оддалечена 100м.,а потоа обратно.Додека тој леташе,децата трчаа по него.Мики тоа го правеше со големо задоволство.Знаеше дека сите се радуваат со него.

Мики живееше слободно.Шеташе каде што сакаше, а децата од населбата секој ден му носеа храна.Јас кога  ќе се вратев дома, некогаш го наоѓав тука,во дворот,а ако го немаше ќе викнев силно Мики!!!,и ќе свирне ,ќе сочекав и Мики ќе пристигнеше.Застануваше во моја близина,па јас го земав в раце.

Еден ден, викав и свирев,но Мики веќе не се врати. 


 

 

 

 

 

 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

 
 
 

Почетна | Автобиографија  | Припрема за дресура |  Вовед во дресура |  Општа дресура  |  Специјална дресура |           Кучина--феномени |Лов на диви свињи | Фото и Видео|

Copyright DresuraNet 2006 All Rights reserved