Овој дел
е завршниот дел од обуката на кучето. Со успешно завршување на
овој дел, кучето ќе биде целосно приспособено да извршува и
најтешки задачи.
Специјални чуварски вежби: чување предмет, велосипед, автомобил,
дете, разбојник, разниб скапоцености и др.
Чување на велосипед
- Нестор од Скопје
При извршување чуварски
вежби, кучето ќе нападне само кога
непознатиот ќе пружи рака по
тоа што кучето го чува.
Чување на
велосипед на натпреварот во Охрид 1999
Кај вежбите чување
дете и чување разбојник, начинот на чување е различен а
наредбата е иста.Затоа вежбата чување дете е најтешка вежба.
По наредбата„чувај дете“кучето зазема позиција покрај детето и
внимава на секој непознат што минува и со карактеристични
движења го предупредува непознатиот дека ќе биде нападнат
доколку пружи рака на детето.По наредбата„чувај разбојник“кучето
стои пред разбојникот, го следи постојано и доколку разбојникот
направи било какво движење ќе биде нападнат.
Чување дете
Покрај кучињата чувари и
останатите кучиња ќе бидат приспособени
да ги извршуваат и најтешките задачи во своите дисциплини.