Овој дел
е главен дел во обуката на кучето.Обуката трае еден месец, а
возраста
на кучето е над една година (за кучињата чувари),а за останатите
7 месеци.Во овој дел се
обновуваат и доусовршуваат вежбите што кучето веќе ги знае, а
истовремено учи и потешки
вежби. Во овој дел и најагресивните кучиња се учат воопшто да не
напаѓаат на мали деца.
Арчи од
Охрид
1.Кучиња
чувари
Општа
послушност
а) одење под корак со
најзастапени наредби
(чекај, седи, лежи,
стани, место, лево,
десно, кружење околу сопственикот, полека, забрзување-успорување,
трчање).
б)
Вежби со точак– истите наредби од одење под
корак.
в)
Слободно време со
поводник- кучето има
право да се движи
слободно, напред, назад,
лево и десно толку колку што е долг поводникот.Најпогодна
должина на поводникот е 2,20
метри. Не смее: силно да влечи, да игра, да скока на
сопственикот, да лижи по раце и облека
да застанува пред сопственикот, да мириса нечисти работи и
предмети и друго.
Најзастапени наредби– не, ваму, чекај, бегај таму, ајде дојди
ваму(блага наредба).
г)
Слободно време без
поводник– истите
вежби и наредби од
претходната точка.
д)
Вежби во двор– да не растура, да не копа, да
не излегува од
дворот иако вратата е
отворена , да не влегува во куќата иако вратата е отворена,да не
лае без потреба, да не се
качува на масата и т.н.
ѓ)
Предизвици– не смее да реагира на: куче,
мачка, птици и други
животни,играчки,
деца, храна и т.н.
е)
Провокации– не смее да реагира и на
најголема провокација од
непознато лице,
освен ако е чувар на двор.ж) Труење– да не зема храна во три
ситуации: КОГА ЧЕКА, КОГА ШЕТА ВО ДВОР И
НА ЈАВНО МЕСТО.
ж)
Чекање– во три позиции:стоење седење и
лежење. Чекањето со
стоење и седење
најчесто се врши при краткотрајно чекање,а чекањето во лежечки
став најчесто е при чекање од
подолг период понекогаш и повеќе часа.
Теса од
Битола
Чувар на двор
треба да напаѓа на
непознатите кога ке влезат во дворот.Има неколку
начини на чување двор:
а) со лаење и движење покрај оградата следејќи го непознатиот.
б) кучето без лаење се движи покрај оградата и го следи
непознатиот.
в) кучето стои на определено место во дворот од каде внимава на
влезовите и оградата сочекува непознатиот да влезе, а потоа напаѓа.
Кога кучето чувар на двор,ќе излезе на јавно место, не смее
да нападне и при
најголема провокација.
Влезот на дворот треба да биде означен со натпис,,Пази куче,,
Напад на човек - Макс од Струга
Фискултура
Совладување на
разни природни и вештачки препреки.За кучињата чувари на
двор се изоставува обичната препрека(дворната ограда).
Стоење на ступче - Макс од Струга
Куче телохранител–кучето
телохранител е најпопуларно куче меѓу љубителите на дресирани
кучиња.Најзначајно кај кучето телохранител е тоа
што напаѓа исклучиво со
наредба од својот сопственик и не наседнува на
никаква провокација.Многу погодна раса за оваа дисциплина е
расата амерички стафорд.
Скок преку точак
2.Останати кучиња
(спасувачи, водичи,
придружници, домашни миленици, кучиња за спортски
натпревари и т.н.)
Дисциплини-општа послушност, фискултура, апорт, трагач
атрактивни вежби и т.н. За разлика од кучињата
чувари, кај овие кучиња нема пауза меѓу
деловите: припрема за
дресура, вовед во дресура,општа дресура и специјална дресура.
Вежбите од општа послушност и фискултура се идентични со
претходните.
Вежбите од апорт
се значајни за сите
кучиња од оваа точка.Со
овие вежби се започнува
уште во првиот дел(припрема за дресура), се продолжува во
вториот дел(вовед во дресура)за да
во овој дел веќе ги постигнат следните вежби:земање, држење во
уста, носење и предавање на
различни предмети.Носење торба на подолго растојание и т.н.
Кучињата спасувачи (трагачи) во овој дел треба да го
продолжат
тоа што го учеле во
претходните делови, а тоа значи дека вежбите од трагање треба да
завршат,а ќе останат само
специјални моменти кои ќе се довршат во наредниот дел-
специјална дресура. За секоја
вежба(спасувач на изгубени лица,спасувач во урнатини, спасувач
во снежни лавини, откривање
на експлозив и мински полиња)начинот на дресура е идентичен со
мали разлики.Карактеристично
е тоа што не е практично исто куче да се користи за две или
повеќе вежби,туку за секоја
вежба посебно куче.
Атрактивните(циркуски)вежби
како на пр.:моли,поздрав
како
мечка,седење на
столче,лазење,мртов,здраво,застанување во различи
позиции,туркање велосипед и т.н. се
најприфатени кај најмладите кои најмногу другаруваат со кучињата