Почетна - Home
Автобиографија
Припрема за дресура
Вовед во дресура
Општа дресура
Специјална дресура
Кучина - феномени
Лов на диви свињи
Фото и видео
   
 

ПРИПРЕМА ЗА ДРЕСУРА

Овој дел се одвива од раѓањето на кучето до шестиот месец, а го врши сопственикот под мое упатство и контрола.Задача на сопственикот е да го подготви кучето за дресура.Подготовката е различна, зависно од тоа што сакаме да постигне.

Ќе наведам неколку позначајни вежби што кучето треба да ги научи во овој дел: да не лае без потреба,да не растура во дворот или станот,физиолошките потреби да ги прави на одредено место што ке биде основа во иднина тоа да го прави со наредба.За идните чувари најзначајно е да дојде до израз недовербата во непознати лица, а за идните трагачи,спасители,водичи,и слично да се поттикне природниот инстинкт за барање и носење предмет.Кучињата идни чувари на фарми,селски дворови,да се навикнат на животните и околината во која ќе живеат.
Не смее да се учат наредби како на пример: седи,лежи,лазај,скок,мртов и т.н.Многу значајно во овој дел е кучето да не се разгали ,но и да не се заплаши.

Во овој прв дел сопствениците на кучиња често прават грешки кои во иднина ќе бидат фатални.Ќе спомнам неколку такви грешки
. --Кучето ржи на својот сопственик Кога поради било која причина вашето куче ви ржи во истиот момент тоа ќе го спречите и ќе се поставите како газда во куќата.Во спротивно кучето кога ќе порасне тоа ќе стане газда во куќата и тогаш ќе дојдете во ситуација да бирате: ќе го отстраните од куќата или ќе одите на крпење во хирургија.
 --Куче скитник Ако кучето во овој период стекне лоша навика да се одалечува далеку од куќата и повеќе време да го нема,тоа куче ќе стане скитник и во секоја прилика штом се види слободно, ќе ви избега,ќе се изнаскита и потоа ќе се врати дома.Со таквото куче ќе имате многу проблеми. --Одржување на хигиена