АВТОБИОГРАФИЈА
Роден
сум во ОХРИД—Р.МАКЕДОНИЈА нa
9.02.1953год.Со кучиња не сум работел
ни во полиција ни во
војска.Воениот рок го поминав како морнар во ЛОРА-СПЛИТ (1975-1976).Завршив градежна школа и работев како градежен
техничар.
Во детството имав разни активности :
одлично јавав коњи,бев фудбалер и фудбалски тренер.Три години
младински првак на Струга во стрелаштво со воздушна пушка.Се
бавев и со рибарство (живеам на брегот од
Охридското Езеро).Љубител сум на
природата и
планините.
И покрај толку активности секогаш успевав да
бидам со кучињата.
Со кучињата сум буквално од кога се родив.Секогаш
имав свое куче. Уште како дете успевав да ги научам моите кучиња
за се што ќе слушнев дека е можно куче да научи,дури измислував
вежби што никој дотогаш не ги сторил.Покрај моите кучиња ги учев
и кучињата на моите роднини и другари,па почнав да обучувам и за
пари,но брзо прекинав поради фудбалот.
Во 1991 година мојот пријател Номче Угрин-во тоа
време познат бизнисмен и голем љубител
на животни
,пред повеќе присутни ми
вели:Ефто батали се и почни да работиш тоа за што си талент,оти
нема ништо поубаво од тоа да работиш со животни.
Од тогаш 1991година до денес 2007година работам
со кучињата професионално.
До денес
Април 2007 година низ моите раце се поминати 442 кучиња(над 30
раси)од цела Македонија,соседните
држави:Грција,Албанија,едно од Србија(Ниш),Косово,како и
од европските Држави(кучиња на наши иселеници )Швајцарија-4
, Геманија -4 ,Норвешка-2.
За сите 442 кучиња имам забележано разни податоци
и оценки за постигнатиот успех.
За прв пат во МАКЕДОНИЈА организирав и одржав
натпревар на дресирани кучиња „Охрид 99“.Кучињата се
натпреваруваа во три дисциплини (послушност---чуварски
вежби---специјални чуварски вежби) и ја воодушевија
многубројната публика.
За прв пат во МАКЕДОНИЈА изведов ноќни улични
претстави,„Охрид-Лето 2006“ со кучето РОНИ од
Швајцарија.Изведов десет претстави,секоја вечер по две во траење од
по
еден час со многу тешки вежби од
послушност,фискултура,атрактивни вежби и чуварски вежби.Претставите
ги следеа неколку
илјади гледачи,а на еден од локалните електронски медиуми во
вестите беше кажано дека претставите со Рони беа вистинска
атракција како за охриѓани така и за многу од туристите во
Охрид.
Спремен сум да настапувам со Рони секаде каде што
ќе бидеме поканети.
Со голем успех учествував во снимањето на филмот
„КАРАУЛА“-(2005) со германските овчари АРГУС од Скопје и ЏЕКИ од
Кичево. Аргус
и Џеки станаа миленици на присутните од екипата на караула,а
посебно на главните глумци Сергеј Трифуновиќ од Белград и Тони
од Шибеник.
Имам
DVD
со 17 снимени кучиња од разни раси со многу тешки
вежби од општа и специјална
дресура.
Во подготовка е ново
DVD
од ноќните улични претстави „Охрид-Лето 2006“
со кучето Рони.
Видео снимката која сега засега не ја објавувам е
најнова атракција снимена во Охрид во градскиот пазар со кучето
РОНИ.
Покрај кучињата сум воспитал и повеќе други
животни,а во оваа прилика на оваа
web
страна ќе ги претставам волкот ВОЛЧЕ и кралскиот орел МИКИ со
распон на крилјата од
метар и половина.
Веке пет години одгледувам диви свињи и спремам кучиња за лов.За
ови кучиња не водам евиденција.
Многу пати за некои од кучињата што ги дресирам
велам:Ова не е куче,ова е чудо од куче—куче ФЕНОМЕН.
Некој од нив ќе ги спомнам,а некој и ќе ви ги
претставам на оваа
Web
страна.Како на пример:
-Медо од Охрид—кој правеше чуда и знаеше да
„брои“
-Бела од Охрид—која имаше вистинска БОРБА ДО СМРТ
со човек-човекот со голи раце,а вучјачката Бела со корпа на
муцката.За неа имав три понуди—празна хартија и пенкало
да напишам цена.
-Рамбо од Охрид— шарпланинец кој после седум
години од дресурата ме препозна,а вежбите ги правеше како тогаш
да сум го дресирал и покрај тоа што неговиот сопственик зафатен
со бизнис-вежбите никогаш не ги повторил.
-Армандо—германски овчар од Тетово—во одбрана на својот
сопственик совладал тројца напаѓачи и ги држел легнати на
под,раскрвавени се додека дошла полиција.
-Рони—Белг.овчар од Швајцарија
-Адам— ротвајлер од Битола—кој што знаеше да
„разликува нации“
-Како и Теса од Битола,Барон од Скопје,Мурго и
Макс од Струга,Алф од Ниш,Царица од Тирана и многу многу други
„КУЧИЊА ФЕНОМЕНИ“.
Програмава што ќе ви ја претставам на оваа страна
е во неколку фази и е резултат на моето долгогодишно дружење со
кучињата :
-Прва фаза—ПРИПРЕМА ЗА ДРЕСУРА од раѓање до
шестиот месец. -Втора фаза—ВОВЕД ВО ДРЕСУРА—во шестиот месец .
-Трета фаза—ОПШТА ДРЕСУРА—за кучињата чувари на
една година,а останатите кучина во седмиот месец. -Четврта фаза—СПЕЦИЈАЛНА ДРЕСУРА—одма после општа
дресура.
РАЗГЛЕДАЈТЕ ЈА МОЈАТА ПРОГРАМА,ПОСТАПЕТЕ ПО НЕА И СО
СИГУРНОСТ ЌЕ ИМАТЕ-ЧУДО ОД КУЧЕ-КУЧЕ
ФЕНОМЕН.